![]() - епитомно издание - Малечка но сеопфатна книга (тринаесет писма) за подвигот на Исусовата молитва: од почетоците до најскришните совршенства. Поучува за законитостите на содејствувањето на благодатта, за духовната смисла на страданијата, за стратегијата на борбата со демоните и одолевањето на разорното влијание на страстите во срцето... (Превод од грчки) |
![]() За подвигот на плачот и дарот на солзите. Севкупноста на молитвениот подвиг и неговите негативни аспекти. Што ја прави молитвата света, т.е. дејствителна? Што ја разорува и го труе подвигот? Поопширно за прелеста. Значењето на духовното раководство за напредокот во Исусовата молитва. Кусо житие на Свети Игнатиј. (Превод од руски) |
|
![]() - студија - Едноставна историја на развојот на поимот на личноста во главните мени на философијата. Единствениот одговор на теологијата: онтологијата на личноста како апсолутен поим (е) неразделна од познанието на Божественото битие како Личност. Првоначалноста на слободата. Љубовта: начин на постоење на Бога, принцип на заедницата со Него, залог, пројава на вечниот живот, востановение на личноста (саможртвено). (Превод од грчки.) |
![]() До чувствителното крајче на душата, скриеното срце на човекот!Откако ќе ја прочитате барем еднаш, книга што со доверба и ревност ќе ја отварате на дофат - за да си земете вдахновение да се потрудите во својот напор кон светоста. По молитвите на овој Старец, дај ни Господи да започнеме со малечките нешта во секојдневниот живот, а да завршиме со свеста „јас сум“! (Превод од грчки.) |
|
![]() - радосна тага - Каков е неизглаволливиот пат на Светиите, за да ги гледа секој богољубив неговите патокази... „Тагува душата моја по Господа и со солзи Го барам. Каде Си Ти, Светлино моја? Каде Си Ти, Радост моја? ...Ете, Ти Си на секое место, но мојата душа не Те гледа и во тага, солзејќи, Те бара! ...Кога луѓето го негуваат стравот Божји, тогаш е тивко и спокојно да се престојува на земјата. “ Старец Силуан е канонизиран за Светител во 1988 година од страна на Вселенската Патријаршија во Константинопол. (Превод од руски.) |
![]() Најкорисни податоци за почетоците на монашкиот живот. Практични информации и упатства за искушеничкиот период и јасни патокази за потребата од духовно раководство на Старец за најголемото мноштво почетници. Условите на животот во послушание. Засакајте ја молитвата! За патот на отците. Други пораки и откритија.На својот духовит јазик Старецот Паисиј отвара видик кон спасителниот пат што им е еднакво потребен и на тие што тежнеат кон манастирот и на оние кои ќе останат и ќе се спасуваат дома. По неговите молитви да ни го даде Бог совршеното послушание. Амин. |
|
![]() Оваа книга ја предизвика првото соборно искушение на штотуку роденото монаштво: големата врева на неколцината вознемирени родители и новинари, но и сенишниот облак на случајните намерници над првите осветлени чела на младата Христова војска во Земјата. Заради молитвите на Старецот, Господ нѐ помилува. Амин. |
![]() ![]() ![]() ![]() |