12:32-40
32. | Не бој се, мало стадо! Зашто волјата на вашиот Отец е вам да ви го даде царството. |
33. | Продајте ги имотите ваши и давајте милостина! Згответе си ќесиња, што нема да изветват, сокровиште на небото, каде крадец не се приближува и кое молец не го јаде; |
34. | зашто, каде што е сокровиштето ваше, таму ќе биде и срцето ваше. |
35. | Нека ви биде крстот стегнат и светилата – запалени! |
36. | Тогаш и вие ќе личите на оние луѓе, што го чекаат својот господар да се врати од свадба, за да му отворат веднаш, штом дојде и почука. |
37. | Блазе на оние слуги, што ќе ги затече господарот будни, кога ќе си дојде! Вистина ви велам, тој ќе се опаше и ќе им рече да седнат, па ќе пристапи и ќе им служи. |
38. | А ако дојде и на втора стража, и на трета дојде ли, и ги затече така, блазе на тие слуги! |
39. | Знајте го и тоа дека, ако домаќинот на куќата би знаел во кој час ќе дојде крадецот, тој би седел буден и не би дозволил да му ја поткопаат куќата. |
40. | И вие, значи, бидете готови: зашто, во кој час не мислите, ќе дојде Синот Човечки!” |